Бакнежот за кој брмчи цел свет: Прелетала низ 9 временски зони за да му одлета во прегратка

Тејлор Свифт и Тревис Келче ја прославија неговата победа со бакнеж и прегратка, а се чини дека нивната љубов секојдневно расте.

Познатата пејачка натпреварот го следеше од ВИП ложата во друштво на многубројните семејни и познати пријатели Блејк Лајвли, Лана дел Реј и други, а она што е најинтересно – долета до Суперболот од Токио, каде одржа серија концерти. .

Таа е во врска со НФЛ ѕвездата околу шест месеци и првпат го придружуваше на Суперболот, а по сензационалната победа и честитките на мајка му двајцата си летнаа во прегратка и не можеа да се одвојат.

Пејачката имаше серија концерти во Токио и успеа да се пласира во големото финале во Лас Вегас благодарение на временската разлика.

Токио е дури 17 часа пред Лас Вегас, па веднаш по збогувањето со публиката по концертот, Тејлор се качи во приватен авион и прелета низ девет временски зони за да пристигне на самиот почеток на „Супер Боул“

Дефинитивно се исплатеше, бидејќи таму ја дочекаа страсни бакнежи и прегратки од љубовникот, а се е снимено на камера.