Балотели ги насмеа сите: Нема шанси да играм за ПСЖ! За плата од 10.000.000? Па, има шанси! (ВИДЕО)

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели со својата урнебесна изјава ги насмеа фудбалските фанови ширум светот.

Искусниот напаѓач неодамна потпиша договор со турската Адана Демирспор и постигна два гола во победата на неговиот тим над Алањаспор овој викенд.

Одличната забава беше повод за гостување во популарната емисија на италијанската „ТВ Плеј“. Во интересен разговор новинарот го праша Балотели дали некогаш би заиграл за Пари Сен Жермен.

Италијанецот му покажа среден прст и му одговори како од топ: „Нема шанси, апсолутно нема никакви шанси. Играв со Марсеј и Ница, така што нема шанси“.

,,А што ако ти понудат плата од 10 милиони евра годишно? праша новинарот.

Балотели се насмевна и искрено одговори: „Па, секако дека би прифатил, сепак има шанси“.