Банани плус 2 состојки – совршен сируп против кашлица: Пробајте го овој магичен еликсир

Напитокот направен од банана, топла вода и мед е природен еликсир за кашлица. Еве како да го подготвите…

Што е неопходно 

* 400 милилитри топла вода

* 2 банани со темни дамки

* 2 лажички мед

Подготовка

Најпрво излупете ги бананите и добро изгмечете ги. Препорачливо е да користите дрвена вилушка, бидејќи металните алатки можат да предизвикаат потемнување на бананите, што влијае на нивната хранлива вредност. Испасираните банани претворете ги во кашеста маса која лесно ќе се измеша со вода. Потоа во тенџере ставете ги испасираните банани и покријте ги со 400 милилитри топла, но не зовриена вода. Оставете ја смесата да се соедини околу 30 минути, за бананите добро да ја впијат водата и да почнат да ги ослободуваат своите природни состојки. Овој чекор е важен бидејќи овозможува сите хранливи материи од бананата да се пренесат во течноста. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е медот да го додадете на крајот, откако смесата доволно ќе се излади, бидејќи високата температура може да уништи многу корисни материи што ги содржи медот. Медот ќе помогне да се ублажи иритацијата на грлото, да се намали кашлицата и да се зајакне имунитетот.

bananas-shutterstock-341156408.jpg

Како да се користи оваа напивка

Земете 100 милилитри од овој пијалок 4 пати на ден. Состојките кои сте ги подготвиле се доволни за еден ден, па најдобро е секој ден да подготвувате свеж пијалок. Веќе по неколку дена, ќе забележите подобрување, бидејќи состојките почнуваат да делуваат за да ја намалат кашлицата и да ја смират иритацијата.