БАНКРОТИРАШЕ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ – Веста ја изненади целата индустрија, производствените линии се затвораат, работниците остануваат без работа

Уште една германска компанија стави катанец на врата!

Компанијата LEHNA, која некогаш беше лидер во производството на кујни и заштитни производи, се соочува со тешка економска ситуација и е принудена да прогласи банкрот.

Иднината на компанијата од Ротенбург об дер Таубер е неизвесна и стотици вработени стравуваат за своите работни места.

Компанијата, некогаш симбол на првокласен квалитет и креативни идеи, од 1. јануари треба да биде затворена.

Веста која ги шокираше вработените и целата индустрија ја соопштија адвокатите на компанијата.

На крајот на 2021 година, LEHNA беше на работ на финансиски колапс. Сега, по краток период на опоравување, се наѕира уште една тешка деловна криза.

Причините за драстичниот развој се различни и ги одразуваат тековните предизвици со кои се соочуваат многу индустрии. Тешката економска состојба, под влијание на промените во навиките на потрошувачите по глобалната пандемија, е главната причина за овој остар рез.

Зголемените цени и постојано високите каматни стапки имаа катастрофални ефекти врз бизнисот. Болниот пад на продажбата од 35 проценти во споредба со претходната година, исто така, ја стави компанијата под сериозен притисок.

Дури 320 работници се соочуваат со неизвесни времиња додека се грижат за својата професионална иднина.

Германските медиуми јавуваат дека цели одделенија за обработка може да се соочат со исклучување. Производните линии би можеле да бидат затворени од јануари, додека точниот број на работници кои треба да ја напуштат компанијата се уште не е познат.

Сепак, има трошка надеж, дури и ако германската компанија е банкротирана.

Производството на стакло, кое се смета за вреден дел од компанијата, наскоро ќе го преземе инвеститор. Работниците кои работат во тој погон засега можат да здивнат бидејќи во тој сектор не се планирани отпуштања.

Германскиот гигант во производството на прецизни алатки Groz-Bekart, да потсетиме, исто така е принуден да прави отпушти работници и од 1. јануари ги испраќа вработените во фабриката во Албштад со намалено работно време.