ВИДЕО | Неверојатна полициска акција: Агент облечен како Дедо Мраз брка дилери на дрога и апси криминалци на Божиќ

Полицијата во Перу ги искористи празниците за да спроведе специјална операција во мал град недалеку од главниот град Лима.

На неверојатната видео-снимка која ја објави полицијата, се гледа како припадник на специјалната единица облечен како Дедо Мраз крши врати со чекан и помага во апсењето на осомничените.

Мисијата ја изврши урбанистичката тактичка полициска единица. Го искористивме Божиќ како предност и го камуфлиравме агентот во костум на Дедо Мраз. Месното население не ја забележало акцијата“, изјави командирот на единицата Валтер Паломино.

Местото каде што дилерите продавале наркотици било многу непристапно.

Локалните медиуми јавуваат дека во акцијата биле уапсени двајца мажи на возраст од 25 и 32 години и обвинети за продажба на дрога.