Баножиќ ја напуштил болницата

Клиничкиот болнички центар Осиек објави нова информација за здравствената состојба на поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Констатираме дека здравствената состојба на господинот Баножиќ е подобрена и тој добро закрепнува од повредите. Поради тоа, по прегледи и испитувања, тој денеска е пуштен на домашно лекување со препорака за натамошно специјалистички следење на неговата здравствена состојба“, соопштија од болницата.

Да потсетиме, Баножиќ е во болница од 11 ноември, откако предизвика тешка сообраќајна несреќа во Винковци во која загина 40-годишен возач на комбе.

Владата претходно му одобри на Баножиќ обештетувањето од 6+6, што значи дека тој ќе ја добива целосната министерска плата за шест месеци и половина од таа плата уште шест месеци, потврди Индекс. Баножиќ како министер земал плата од 2.740 евра. Но, Баножиќ нема да го активира пратеничкиот мандат.