“НАШАТА ЗЕМЈА Е ВО ПЕКОЛОТ“ – Доналд Трамп повторно со мрачни прогнози: “САД се во голема неволја“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, изјави дека земјата е во сериозна неволја.

Доналд Трамп вели дека САД се во „пеколот“. Според неговото мислење, до тоа довела политиката на актуелниот претседател Џо Бајден.

Нашата земја е во сериозна неволја. Немаме повеќе победи. Џо Бајдендозволи нашата земја да се лизне во пеколот“, тврди Доналд Трамп.

Доналд Трамп претходно изјави дека неговиот наследник Џо Бајден не е попаметен од 6-годишно дете. Поранешниот претседател е убеден дека актуелниот претседател на САД е корумпиран, неспособен и компромитиран.

Во септември беше објавено дека во САД бројот на поддржувачите на Џо Бајден и Доналд Трамп на изборите е изедначен.

Според резултатите од анкетата на медиумската агенција Reuters меѓу Американците на претседателските избори следната година, актуелниот претседател и поранешниот домаќин на Белата куќа би добиле ист број гласови – по 39 отсто.