Дански политичар (28) се пофали со врската со 15-годишно девојче: „Поради скандалот се кренала врева во владејачката партија, се огласиле и нејзините родители“

Според кодексот на однесување на Либералната партија, на која и припаѓаше Фонсека, забрането е возрасно лице да биде во врска со лице помладо од 18 години.

Мајк Фонсека (28), пратеник во данскиот парламент, стана предмет на контроверзии откако ја обелодени врската со 15-годишно девојче.

Веднаш потоа остро реагираше Либералната партија, чиј член беше и Фонсека, предводена од премиерот Ларс Лок Расмусен, кој побара негово исклучување од партијата.

Фонсека по изјавата на Расмусен реши да земе „пократко боледување“.

Пред да замине, во изјава за данските медиуми, тој тврдеше дека неговата „врска со малолетничка е целосно легална“, дека се сакаат и дека имаат поддршка од родителите на девојчето со кое сега живее.

Во согласност со кодексот на однесување на Либералната партија, на која и припаѓаше Фонсека, забрането е возрасно лице да биде во врска со лице помладо од 18 години .

Портпаролката на партијата Моника Рубин ја спореди врската со терминот „грумпинг“, опасна практика која неодамна стана нелегална во Данска.

– Грумпинг е процес во кој насилникот гради односи со детето со цел детето (очигледно доброволно) да учествува во активности кои ќе го задоволат насилникот. Терминот се користи за да се опише манипулација со дете од страна на сексуален престапник – објасни Рубинова во својата објава на Фејсбук.

Родителите на 15-годишното девојче се огласија, но побараа да останат анонимни, велејќи дека се свесни дека работите „се случиле малку рано“, но дека веруваат во нивната ќерка и Фонсека. Според кодексот на однесување на Либералната партија, на која и припаѓаше Фонсека, забрането е возрасно лице да биде во врска со лице помладо од 18 години.

Сепак, посочуваат дека целата ситуација тешко го погодила нивното семејство, особено нивната ќерка, која е исплашена и загрижена.

По излегувањето од Либералната партија, Фонсека пројави интерес за уште три партии, но тие го одбија.