ПО ГОЛЕМА РАСПРАВИЈА, РЕШИЛ ДА И ПРЕСУДИ – Маж и ставил кобра во спалната соба на својата жена, отровот ја усмртил и неа и нејзината 2-годишна ќерка

Маж од Индија е во затвор под обвинение дека ги убил сопругата и неговата 2-годишната ќерка пуштајќи кобра во нивната соба.

Според информациите на медиумите, инцидентот се случил во село во областа Ганџам во Одиша.

Локалните медиуми јавуваат дека маж (25 г.) се скарал со сопругата (23 г.) со која има ќерка. NDTV известува дека тој наводно ја купил кобрата од тренер на змии велејќи дека ќе ја користи за религиозни цели.

На 6. октомври, мажот наводно, ослободил змија од пластична кутија во просторија каде што спиеле неговата сопруга и ќерка. И двете биле пронајдени мртви со траги од каснување од змија следното утро, додека таткото тврдел дека спиел во друга соба.

На соседите им рекол дека во куќата влегла змија и ги каснала сопругата и детето. Локалните жители ја убиле змијата и ги однеле мајката и ќерката во блиската болница каде што биле прогласени за мртви.

Полицискиот началник на Ганџам рекол дека свекорот на човекот веднаш го обвинил за убиство. Започнала истрага и полицијата испрашувала тренери на змии во локалната област.

Мажот првично ги негирал обвиненијата, но на крајот го признал злосторството за време на испрашувањето, соопштила полицијата.

Обвинетиот е уапсен еден месец по инцидентот при собирањето докази против него. Го добивме и обдукцискиот извештај кој јасно укажува дека смртта на мајката и ќерката настапила доцна вечерта на 6. октомври. Ова ги поттикна сомнежите како рептилот можел да остане во иста просторија до утрото неколку часа откако ги каснал. На распитот тој ги негираше обвинувањата, а подоцна тврдеше дека змијата можеби сама влегла во просторијата, но на крајот призна дека го сторил делото“, се вели во изјавата на началникот на полицијата.