ЛУКА ДОНЧИЌ ДЕБЕЛ? ЕВА КАКО ГИ СИМНУВА КИЛОГРАМИТЕ! Словенецот објави како веќе се подготвува за репрезентацијата! (ВИДЕО)

Лука објави видео на кое се гледа како се подготвува за новата сезона.

Лука Дончиќ често е критикуван дека е „дебел“, тоа му го скандираа навивачите на Атланта минатиот месец на еден натпревар, но оваа пролет тој очигледно реши да стави крај на тие приказни. Некој од неговото опкружување на социјалните мрежи објави видео од тренингот на кое може да се види како трча по скалите и очигледно се обидува да остане во форма.

Дончиќ летово ќе биде во репрезентацијата на Словенија, која од крајот на август ќе се натпреварува на Светското првенство, а сигурно е дека веќе сака да игра кошарка, бидејќи со скандалозната одлука на Далас, неговиот тим намерно “тенкираше“ и намерно ја пропушти шансата да влезе во плеј-офот.