По Лукашенко кај кого се криеше сега Богољуб Кариќ го предаде и Вучиќ – Српските медиуми бесни: За него Милошевиќ рекол дека е „најлошиот човек на светот“

Богољуб Кариќ, контроверзниот бизнисмен, ги поддржа политичките протести во Белград со коментар на објавите на пејачката Сека Алексиќ на Твитер.
Не случајно поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, на своите соработници им порачал дека Кариќ е „најлошиот човек на светот“, покажуваат постапките на овој бизнисмен, пишуваат српските медиуми наклонети на власта.

Како што го изневери претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, Кариќ сега му врти грб на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и покрај се што направи за него државата Србија со Вучиќ на чело.

Вучиќ го врати Кариќ од егзил, а сега Кариќ ги велича протестите што прозападните политичари се обидуваат да ги искористат за да го тргнат Вучиќ од власт, пишуваат медиумите на Вучиќ.

Да потсетиме, политичкиот протест се одржа во Белград со почеток во 18 часот. Насобраните пеш од Собранието на Србија се упатија до РТС каде што заврши протестот.

За собирот известуваа опозициските политичари Мирослав Алексиќ, Срѓан Миливојевиќ, Мариника Тепиќ, Небојша Зеленовиќ, Билјана Ѓорѓевиќ.