,,Бараме правда и доживотен затвор за монструмот кој го уби нашето дете” – Неутешната мајка на Тиктокерката е скршена од болка и тага (фото)

Боба Миливојев, мајката на убиената ТикТокерка Ноа Миливојев (18) за српските медиуми изјави дека бара доживотна казна затвор за О.Д.(33) кој брутално ја уби нејзината ќерка во неговиот стан во центарот на Белград!

Ноа Миливојев, да потсетиме, исчезна на 17 јуни, а делови од нејзиното тело беа пронајдени на 6 јули во станот во кој престојуваше нејзиното осомничено момче О.Д., експерт по информатика, сопственик на три фирми.

Исто така, се сомнева дека по расправијата, пријавениот, со нож го распарчил телото на Ноа Миливојев на четири дела и ги ставил во ПВЦ кеси и кутии, кои потоа ги наполнил со киселина и ги чувал во бањата од станот.

Осомничениот го признал делото во полиција, но се бранел молчејќи за време на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде што тогаш Вишиот суд во Белград одредил притвор до 30 дена.

– Откако го изгубивме детето, скршени сме од тага и болка! Млад живот заврши на брутален начин! – вели неутешната мајка и додава:

– Само сакам да напоменам дека сакаме правда за нашето убиено дете.

После тоа, таа додаде дека поради сè што и’ е направено на Ноа, треба да одговара осомничениот О.Д.

-Бараме доживотна казна затвор за монструмот што ни го уби детето! – рече неутешната мајка, која додаде дека утре Ноа Миливојев ќе ја испратат на вечното почивалиште на локалните гробишта во Ковиље.

Роднина на семејството изјавила дека семејството е скршено од болка и не може да поверува како толку младо лице е убиено од нејзиното момче.

– Ноа ја уби психопат ја распарчи, па сега кутрите немаат што да закопаат. Замислете, денеска кога им го донесоа телото ги советуваа дека е подобро да го кремираат, но не сакаа да го направат тоа – раскажува роднина и додава:

– Решиле да ја закопаат во некои специјални фолии и вреќи бидејќи од неа немало ништо. Сите тие вреќи ќе ги стават во бела кутија која утре ќе биде испратена.

Еоднината потоа додаде дека родителите се шокирале кога виделе што останало од нивното дете.

– Монструмот го уби детето, иако сите велевме дека не е за неа, таа го сакала, па дури и пеш тргнала до него до Белград. Тој имал лошо влијание врз неа, но таа не се грижела за тоа, па и кога ја тепал знаеа дека ќе ја испрати дома во Ковиљ. Малку ќе се опоравеше а потоа повторно ќе и’ се јавеше и таа трчаше по него, многу го сакаше иако е зависник од дрога и алкохол – изјави роднината и додаде „дека бил психопат и љубоморно момче“.