Одбиено е барањето на Новак Ѓоковиќ и Енди Мари своите натпревари порано да ги започнат на Централниот терен на Вимблдон.
Мечевите на двата најголеми терени на Вимблдон почнуваат нешто подоцна, пред се поради ТВ правата, а програмата на овие терени трае до 23 часот.
Предлогот на Ѓоковиќ беше натпреварите да почнат барем од 13 часот, не од 14:30 часот, како што е сега.
Според „Дејли Мејл“, поради повеќемилионски приговори од медиумските куќи и бројните клиенти, Вимблдон ќе го напушти стариот распоред кој е одамна на сила.
Нема да има откажување на полицискиот час, па натпреварите и понатаму ќе бидат во прекин по 23 часот.