БАРСА ГО РАЗМОНТИРА РЕАЛ ВО СПЕКТАКЛ ПРЕД 80.000 ФАНОВИ! Анчелоти: Ова никогаш не ми се случило во кариерата! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона убедливо го совладаа Реал Мадрид (3:0) на подготвителниот натпревар во Тексас.

Овој фудбалски спектакл се одржа пред 80.000 навивачи на стадионот на познатите „Далас каубојс“.

Барселона поведе во 14. минута од натпреварот со голот на Дембеле и до 84. минута на семафорот стоеше 1:0 во корист на Каталонците. Во финишот најпрвин Фермин Лопез зголеми на 2:0, а потоа Феран Торес го постави конечниот резултат во 90. минута од играта.

Реал имаше неколку одлични шанси на овој меч, а најдобрата прилика ја пропушти Винишус кој промаши пенал во 20. минута.

Реал имаше дури 28 удари кон голот на лутиот ривал, а пет пати ја погоди рамката од голот.

„Чудно е што топката дури пет пати ја погоди рамката од голот, мислам дека ова никогаш не ми се случило во кариерата. Изгледаше како да има ѕид пред голот на Барса“, изјави тренерот на Мадрид, Карло. Анчелоти по натпреварот.

Ова е прв пораз на Реал на подготовките во Америка. Пред средбата со Барселона, тие ги совладаа Манчестер Јунајтед со 2:0 и Милн со 3:2. Од друга страна, Барса загуби од Арсенал со 5:3.