Приказните за разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер не престануваат. Иако поранешниот тениски шампион и германскиот фудбалски ас со години се претставуваат како хармоничен пар, социјалните мрежи и медиумите во последните недели вреваат за наводната криза во нивниот брак и развод. Се повеќе се шпекулира дека нивната љубовна приказна повеќе не е толку солидна, а обожавателите внимателно го следат секој нивни потег во потрага по знаци за потврда – или негирање.
Сепак, додека внимателно следиме кој од двајцата и што објавуваат на мрежите, може да се забележи дека Бастијан веќе е на турнеја низ целиот свет. Тој објавува фотографии од забави, на различни дестинации, а сега еден детаљ го привлече вниманието на сите.
Тој неодамна се впушти во своето „патување со трофеи“ и ги посети Зимбабве и Кенија, но сите снимки и фотографии го покажуваат Бастијан без венчален прстен. Во тој период, Инстаграм профилот на Ана е малку помирен, како ништо да не се случува.

Бастијан дури покажа во своите описи колку ужива во посетата на овие далечни егзотични дестинации и напиша: „Беше убаво да се запознаам со сите овие прекрасни луѓе“.