БАТЛЕР И КЕЛНЕР ДОСТАПНИ ЦЕЛО ВРЕМЕ А НОЌТА ЧИНИ 19.000 💵 : Не секој има храброст да ја помине ноќта во оваа соба – ПОГЛЕДНЕТЕ ЗОШТО

Неодамна, видеото од најскапите подводни хотелски соби во светот го привлече вниманието на корисниците на Интернет, оставајќи многумина во магија.

Инстаграм парот Кара и Нејт на социјалната мрежа споделија видео од престојот во хотелот кој го одзема здивот.

Станува збор за подводен апартман на Малдиви , а виралното видео започнува со Нејт кој го покажува патот до хотелот. Штом ќе излезе од лифтот, тој влегува во ходникот што води во софистицирана спална соба.

Со луксузен брачен кревет, прецизно уреден ентериер, приватен простор за седење, тоалет со сензор, стаклен таван и прекрасен поглед на океанот, хотелот има се.

подводна соба

Споменатото видео собра речиси 100 милиони прегледи, што предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.

Светски патувачки пар кој претходно престојувал во хотелот напишал:

-Останав токму во оваа соба, бев нервозен, но тоа беше прекрасно искуство.

Други се прашуваа како е кога надвор е темно, а некои истакнаа дека премногу би се плашеле да легнат да спијат под вода.

Двојката престојуваше во одморалиштето Conrad Maldives Rangali Island на Малдивите, кое располага со луксузна резиденција на поделени нивоа наречена Мурака. Според веб-страницата Digest Online, таа е речиси 5 метри под нивото на морето, а главната спална соба е скриена со купола од 180 степени.

Хотелот нуди и удобности, вклучувајќи 24-часовен батлер и готвач, спа третмани, фитнес тренер на повик и лични џет скии.

Во видеото наведуваат дека цената на ноќевање во овој стан започнува од 19.000 долари, додека на интернет цените се движат и до 50.000 долари.