Бајден вети одмазада: Американскиот претседател се огласи итно по крвавиот напад врз воена база во Јордан

Американскиот претседател Џо Бајден се огласи откако тројца американски војници беа убиени во Јордан.

„Додека сè уште собираме факти за овој напад, знаеме дека тој беше извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран и кои дејствуваат во Сирија и Ирак“, рече тој.

Бајден, исто така, рече дека американската војска ќе одговори на нападите на начинот на кој САД ќе одлучат да го направат тоа.

„Немајте дилема. Сите инволвирани ќе одговараат за нападот на начин и во време што ќе го избереме“, рече американскиот претседател.

„Џил (првата дама на Соединетите држави) и јас се сочувствуваме со семејствата и пријателите на нашите загинати – и Американците низ целата земја – во жалост за загубата на овие воини во овој одвратен и целосно неправеден напад“, додаде Бајден.

Да потсетиме, американските медиуми објавија дека тројца американски војници загинале, а 25 се повредени во напад со дрон во Јордан.

Сепак, портпаролот на јорданската влада Муханад ал Мубајдин изјави дека нападот не се случил на јорданска територија, туку во Сирија, на американската база Ал Танф, пренесе Ројтерс.