Демонстранти фрлија супа кон сликата Мона Лиза во парискиот музеј Лувр

– Демонстранти во Париз фрлија супа кон сликата на Мона Лиза во музејот Лувр во Париз, главниот град на Франција.

Сликата на Леонардо Да Винчи од 16. век, една од најпознатите уметнички дела на светот, се наоѓа зад непробојно стакло, така да мала е веројатноста дека сликата е оштетена.

На снимката се гледа како две демонстрантки бараат право на „здрава и одржлива храна“, зборувајќи дека „нашиот земјоделски систем е болен“, пренесува Би-би-си.

Во француската престолнина последните денови се одржаа протести на земјоделците, кои повикуваат на запирање на поскапувањето на горивата и на поедноставување на регулативите. Вчера демонстрантите ги блокираа клучните патишта во Париз и во околината.

Мона Лиза се чува зад безбедносно стакло од раните 1950-ти години, кога еден посетител ја оштети полевајќи ја со киселина.

Надлежните во музејот во 2019 година поставија транспарентен облик на непробојно стакло за да ја заштитат сликата.

Еден активист 2019 година фрли торта на сликата, повикувајќи ги луѓето да „мислата на Земјата“.

Сликата е украдена од Лувр 1911 година, што предизвика меѓународна сензација. Винченцо Перуџа, вработен во најпосетениот музеј во светот, се сокрил во текот на ноќта во шкаф, за да ја земе сликата.

Пронајден е две години подоцна, во обид да ја продаде сликата на трговец со антиквитети во Фиренца, Италија.