Кремљ: Запад ја користи „руската закана“ за да го одвлече вниманието од внатрешните проблеми

– Западните земји се обидуваат да ја искористат „руската закана“ за да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во разговор за телевизија Русија, Песков повикот на германскиот министер за одбрана Борис Писториус повикот за подготовка за војна со Русија го нарече „стара хорор приказна за руската мечка“.

„Овој повик е лесно да се разбере. економските проблеми се јасни. Конкурентноста на славната германска индустрија опаѓа, расходите растат, расте товарот на социјалните обврски. Германските сточари излегуваат на улици… Значи, стигнаа до крајот на своето трпение. Што е најдоброто одвлекување на вниманието во таква ситуација? Старата хорор приказна за руската мечка. Особено земајќи во предвид дека таа е веќе будна“, рече Песков.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус за весникот „Der Tagesspiegel“ рече дека Русија е способна „еден ден да нападне земја членка на НАТО.“

Русија, меѓутоа, тврди дека НАТО со години сѐ повеќе се приближува кон нејзините граници, спротивно на ветувањата дадени на некогашниот претседател Михаил Горбачов дека нема да ја шири алијансата без очигледна причина.