Бајден го отвори Самитот во Кемп Дејвид со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја

– Американскиот претседател Џо Бајден денеска го отвори историскиот самит во Кемп Дејвид со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја, велејќи дека трите земји „се посилни и светот е побезбеден… кога сме заедно“.

Бајден ја опиша средбата како прв самостоен самит меѓу лидерите на трите земји.

Обраќајќи им се на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и на јапонскиот премиер Фумио Кишида, Бајден рече: „Сакам да ви се заблагодарам на двајцата за политичката храброст што ве донесе овде“.

– Денешниот ден ќе биде запаметен како историски, додаде Бајден.

Шефовите на државите ќе воспостават годишни воени вежби, вклучително и редовни вежби за балистички ракети и ќе разговараат за нови договори за споделување разузнавачки информации, рекоа официјални лица. Тие ќе преземат чекори за воспоставување тринасочна телефонска линија за лидерите да се консултираат во време на кризи и ќе го официјализираат трилатералниот самит, прв од ваков вид, како годишен настан.

Самитот нема да донесе тринасочен договор за колективна одбрана, но ќе нагласи „дека предизвикот за која било од земјите е предизвик за сите нив“, рече висок претставник на администрацијата на Бајден, јави Си-Ен-Ен.