БАЈДЕН ГО ПРЕДУПРЕДИ ИРАН: Нашите бродови и авиони се јасен сигнал, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!

Американскиот претседател Џо Бајден го упати своето прво јавно предупредување до Иран откако Хамас го нападна Израел.

Бајден го нарече нападот на Хамас врз Израел „ најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот“ и кампања на „чиста суровост“.

Американскиот претседател ова го изјави додека разговараше со еврејските лидери во Вашингтон.

Тој, исто така, им рече дека распоредувањето на американски воени бродови и авиони поблиску до Израел треба да се гледа како сигнал за Иран.

– Јасно им ставивме до знаење на Иранците : бидете внимателни – рече тој.

Израел, војна во Израел, Газа, Појасот Газа

Тој го рече ова додека повтори дека САД ќе го поддржат Израел и наведе елементи на нова пратка со оружје што вклучува пресретнувачи за одбрана на Железната купола, како и муниција за израелските одбранбени сили.

Бајден им рекол на еврејските водачи дека би било „бизарно“ за него да сподели детали за тоа што прават САД за ослободување на заложниците во Газа , но ги увери дека неговиот тим работи на тоа деноноќно.

Тој, исто така, изрази надеж дека сè што е планирано може да биде плодно, и покрај годините на ескалација на насилството.

– Мислам дека има шанса ова да се заврши на начин што го отежнува повторувањето – рече тој.

САД изразија силна поддршка за Израел откако започна упадот во саботата.