– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел ќе ја прекине војната во Газа за време на месецот на муслиманскиот пост, Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на заложниците.
„Доаѓа Рамазан, а Израелците постигнаа договор дека нема да се вклучат во активности и за време на Рамазан за да ни дадат време да ги извлечеме сите заложници“, рече Бајден во гостувањето во ток-шоу на Ен-би-си.
Бајден, исто така, истакна дека се надева дека до 4 март ќе се постигне прекин на огнот во Појасот Газа.
„Се надевам дека до крајот на викендот… Мојот советник за национална безбедност вели дека сме блиску. Блиску сме. Сè уште не сме готови. Се надевам дека до следниот понеделник ќе имаме прекин на огнот.“ Бајден им изјави на новинарите за време на посетата на продавница за сладолед во Њујорк во рамките на кампањата.
Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 29.782 Палестинци и предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи.