Д-р Кевин О’Конор, лекарот од Белата куќа рече дека „целото канцерогено ткиво било успешно отстрането“ за време на рутинскиот преглед на претседателот на 16 февруари.
Лезијата на кожата, отстранета од градите на претседателот на САД Џо Бајден минатиот месец бил карцином на базалните клетки – вообичаена форма на рак на кожата – соопшти неговиот лекар, додавајќи дека не е потребен дополнителен третман.
Д-р Кевин О’Конор, лекарот од Белата куќа рече дека „целото канцерогено ткиво било успешно отстрането“ за време на рутинскиот преглед на претседателот на 16 февруари и дека е „здрав, енергичен“ и „способен“ да се справи со своите обврски.
Базалните клетки се меѓу најчестите форми на рак кои лесно се лекуваат – особено кога се откриени рано. О’Конор рече дека тие немаат тенденција да се шират како другите видови на рак, но можат да пораснат во големина, поради што се отстранети.