Бајден под силен притисок, повикан веднаш да го нападне Иран!

Неколку американски конгресмени ја повикаа администрацијата на Бајден да преземе акција против Иран по нападот со беспилотно летало за кој се обвинети милитантите поддржани од Иран врз база во Јордан, каде се убиени тројца американски војници а ранети 25 други.

Ова е првпат американски воен персонал да биде убиен за време на непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, а инцидентот дополнително ќе ги зголеми тензиите во регионот и ќе ги подгрее стравувањата од поширок конфликт што директно ќе вклучи Иран.

Како одговор, неколку американски конгресмени го повикаа претседателот Џо Бајден да одговори со напад на Иран.

– Единствениот одговор на овие напади мора да биде разорна воена одмазда против иранските терористички сили, како во Иран, така и на целиот Блиски Исток – изјави републиканскиот сенатор Том Котон.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам рече: „Единственото нешто што иранскиот режим го разбира е силата. Сè додека не ја платат цената со својата инфраструктура и својот персонал, нападите врз американските војници ќе продолжат“.

– Нападни го Иран веднаш, сега. Нападни ги силно“,  додаде Греам, кој беше гласен критичар на пристапот на администрацијата на Бајден кон Иран.

Демократската сенаторка Џеки Розен рече дека Техеран „мора да биде повикан на одговорност“.

Во меѓувреме, републиканскиот сенатор Рик Скот го поврза инцидентот со она што го гледа како слабеење на американската сила под Бајден, велејќи: „Иран отворено ја доведува во прашање силата и решителноста на САД благодарение на смирувањето на Бајден со најголемиот спонзор на тероризмот во светот. Ова мора да заврши.

Републиканскиот сенатор Ден Саливан изјави дека иранските спонзори на терористите ја преминале црвената линија со тоа што убиле тројца храбри американски војници и раниле десетици други.

*Јордан негираше дека американски војници биле убиени на нејзина територија, но дека тоа се случило на сириска територија во областа Ал Танф, каде што американските сили го одржуваат своето воено присуство.