Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесуваат британските медиуми.
Западните медиуми минатата недела соопштија дека група воени претставници „во тишина“ го наговараат Пентагон да испрати авиони Ф-16 во Киев.
За ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови.
САД за неколку недели ќе почнат да ги испраќаат ветените 31 тенк „М1 Амбрамс“„ во Украина.