– На албанските државјани кои живеат во странство повеќе нема да им следува бебешки бонус за новороденче.
Ова право предвидено со владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 година, ќе го остваруваат само родители на бебе постојани жители во Албанија.
– Министерството за здравство и социјална заштита во предлог-законот што се очекува да помине на одобрување во парламентот предллага во член 9, точка 1 од „Законот за социјална помош“, да се исклучат од користење на овој бонус лицата кои не се резиденти во Албанија, јави Euronews.Albania.
Од почетокот на реализација на програмата бонус добиваше секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени.
Од јануари 2019 година, од кога почна да се спроведува оваа програма, бонус добива секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени.
Досега ова право го оствариле околу 170.000 деца, при што според медиумите, само околу 40 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја. За првороденче еднократниот паричен надоместок изнесува 40 илјади леки(370 евра), за второ дете 80 илјади лека и за трето и секое следно родено дете во семејството 120 илјади лека. Доколку се близнаци или тројка секое од бебињата добива по идентичен износ.
Чекот родителите го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени.
За деца кои се родени во приватни болници или во странство, чекот го издава Министерството за здравство по евидентирањето на новороденчето во Управата за матична евиденција.