Блинкен ја заврши дводневната посета на Кина: Искрена, конструктивна рунда разговори со раководството

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја заврши дводневната посета на Кина со средби со високи кинески претставници.

„Завршена е искрена, конструктивна рунда разговори со раководството на Кина. Односот меѓу САД и Народна Република Кина е многу значаен. Директната дипломатија е најдобриот начин за унапредување на интересите и вредностите на САД и за управување со конкуренцијата одговорно“, напиша Блинкен на Твитер.

За време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот државен секретар објави дека Вашингтон не ја поддржува независноста на Тајван.