Бебе пронајдено во влез од зграда со порака:„Мајка му почина, а татко му не може да го чува“

Едномесечно бебе било пронајдено во ходникот на една зграда на периферијата на Милано.

До бебето била оставена порака која била напишана на арапски.

„Мајка му почина, татко му не може да се грижи за него“, се вели во пораката.

На лице место интервенирале карабинерите и спасувачите. Тие веднаш го однеле бебето во болница каде лекарите го прегледале.

За среќа, се покажа дека се е во ред со бебето.

Во меѓувреме беше покрената акција за посвојување на момчето.