Откако предизвика низа реакции поради нејзината изјава дека Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево се всушност целата нејзина Албанија, познатата пејачка Бебе Реџа одговори на критиките преку Инстаграм.
Имено, пејачката ја објави првичната изјава по одморот и посетата на гробот на нејзиниот дедо во Дебар, кој е и роден град на нејзиниот татко.
Меѓутоа, бидејќи многу следбеници веднаш потоа ја критикуваа дека треба да дознае каде е родното место на нејзиниот татко и дека е навредливо да се каже дека сето тоа е нејзина Албанија, пејачката реши да реагира преку инстаграм стори.
„Албанците се соочија со наметнати државни граници, одвојувајќи луѓе од иста крв и нација во различни земји. Меѓутоа, кога мислам на Албанците, државните граници ми значат малку. Мислам на нашиот прекрасен јазик, нашите традиции, музика и игра и многу други заеднички елементи кои не можат да се изолираат со граници“, напиша таа на почетокот на својата изјава.
„Многу сум заљубена во моите корени, горда сум што сум Албанка и горда на секој Албанец кој сè уште живее на овие простори, како и на многу други кои живеат во Америка, Европа и пошироко. Свет, ве сакам сите, ” напиша таа.
Инаку, нејзината посета на родниот крај доаѓа откако таа учествуваше на фестивалот „Сончев рид“ кој се одржа од 25 до 28 јули во Приштина, а една од организаторите е Дуа Липа.