Авионот кој пред неколку дена летал од главниот град на Никарагва за Мајами морал принудно да слета.
Имено, авионот бил приземјен во Канкун, Мексико, бидејќи патничка од Никарагва среде летот почнала да пораѓа.
Таа се породила пред да слета авионот, а на видеото од местото на настанот се гледаат лекарите кои по слетувањето ја извадиле трудницата од авионот, додека еден од нив оди позади и во рацете го носи во алуминиумска фолија во која се наоѓа детето, како би ја одржувал телесната температура до болница.
Судејќи по видеото, тие навреме реагирале, а и мајката и бебето се добро.
Прописите предвидуваат дека, кога ќе се роди бебе во авион, неговата националност ќе биде онаа на воздушниот простор во кој се наоѓа авионот. Доколку земјата го признае „правото на земја“, бебето ќе има државјанство на таа територија.