Бебе старо пет дена мистериозно починало во Ниш

Неколку часа по раѓањето, бебето пожолтело, и било однесено на фототерапија

Бебе старо пет дена починало во Универзитетскиот клинички центар во Ниш по тешка инфекција на белите дробови, дознава Телеграф.рс. Како што дознаваат, детето е родено на 19 јануари, а починало на 24 јануари, иако при раѓањето добило оцена 9.

Неколку часа по раѓањето, бебето пожолтело, и било однесено на фототерапија. Меѓутоа, само еден ден подоцна било откриено дека новороденчето има тешка инфекција на белите дробови.