И покрај напорите за регрутирање, бројот на германски војници намален на 181.500

 Бројот на германски војници е намален на 181.500, и покрај големите владини напори да го зголеми нивниот број, објави денеска Министерството за одбрана. Тоа значи дека на крајот на минатата година, во Бундесверот имало околу 1.500 помалку професионални војници и доброволци кои служеле воен рок од една година претходно. На крајот на 2022 година биле 183.050.

Примарна цел на армијата останува одржливо јакнење на подготвеноста на нејзиниот персонал, изјави портпаролката на министерството. 
„Потребни ни се квалификувани и оперативно подготвени мажи и жени кои ќе бидат доволни за задачите и мисиите што се пред нас“, рече таа.

Германската цел е до 2031 година да го зголеми бројот на војници на 203.000.

Поради падот на бројот на војници, неодамна се разговараше за повторно воведување на задолжителен воен рок или за регрутирање војници кои не се германски државјани.

Во Германија, во 2011 година, по 55 години, задолжителниот воен рок беше суспендиран, но не и укинат.