“БЕВ МОРТУС ИЗДРОГИРАНА И МИ БЕШЕ МНОГУ УБАВО!“ – Албанска пејачка откри скандалозни детали за снимањето на заедничкиот спот со рап-легендата Снуп Дог!
Беби Рекс, британска пејачка со албанско потекло и еден од најпознатите рапери во светот, Снуп Дог. соработуваа на заедничкиот дует „Satellite“, кој беше објавен претходниот ден.
Во песната, двајцата пеат за пушењето трева и патувањето во „алтернативен универзум“. Беби Рекс исто така открива дека таа и славниот рапер за време на соработката и снимањето на песната користеле големи количини на наркотици односно дрога.
„Да се работи со Снуп Дог е сон“, изјавила таа за списанието People во нејзиното интервју.
Соработката настанала откако таа му ја испратила песната на раперот преку социјалната мрежа Инстаграм, а таа добила брз одговор веќе следниот ден.
„Тој ми се јави во 07:00 следното утро и ми кажа: Провери си ја е-поштата, имаш порака“, орктила таа.
Што се однесува до нивната сесија за користење односно пушење марихуана, Беби Рекс открива: „Тој ми кажа: Мораш да ги пробаш моите смртни бомбици, а јас реков: Сега, на видео сетот ? Ќе бидам мртва дрогирана во видеото. На што тој ми кажа: Само пробај, а потоа се согласив и така се издигнав со Снуп Дог. И кој друг може да се пофали дека пушеле трева заедно со Снуп Дог ? Тоа е вистински сон!“.
Таа исто така открива дека нејзиниот татко бил разочаран кога дознал што направила.
„Ми се јави и ме праша дали сум нормална, зошто пушам трева и зошто ја пушам пред камери, а јас низ смеа му реков дека сум со Снуп Дог и дека само треба да го сторам тоа“, изјавила пејачката за споменатото списание.