Бегалец од прилепскиот затвор крадел од хотел во Скопје, Обвинителството бара притвор

Обвинителството бара притвор за лице кое откако успеало да побегне од затворот Прилеп извршило кражба во хотел во Скопје. Од Обвинителството велат дека истиот човек украл сеф во кој имало пари, клучеви и пасоши.

„Осомничениот и претходно неколку пати бил осудуван за слични и други кривични дела додека бил на издржување затворска казна во Затворот Прилеп, но на 5 јули избегал и по него била распишана потерница. Периодот додека не се ослободил го искористил да изврши ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во деловни простории на хотел во Скопје и со намера да „присвои“ одзел туѓи работи.

„Од хотелот успеал да украде метален сеф со шифра, во кој имало готовина во износ од околу 1400 евра, како и клучевите од хотелот, неколку сим-картички и пет патни исправи на гостите кои биле во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на 100.000 денари. Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до официјалниот паркинг, му пришле лица од обезбедувањето на хотелот“.

„Осомничениот го испрскал со спреј за самоодбрана во очите и веднаш почнал да бега влегувајќи во такси. Возилото било пријавено и запрено од полициски службеници, во близина на Градежниот факултет во Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода“, велат меѓу другото од Обвинителството.