Бездомник од централниот италијански град Сенигалија добил 37.000 евра на лотарија, но не може да ја повлече добивката бидејќи му недостигаат потребните документи, објавија италијанските медиуми.
Џанлуиџи, со прекар Касано, именуван по познатиот поранешен фудбалер на Рома и Реал Мадрид, бил редовен купувач на лотарија во градот во провинцијата Анкона и секогаш ги користел истите броеви. Среќата му се насмевна минатиот вторник, кога тикет од 1,5 евра донесе добивка од 37 илјади, пренесува „Кориере Адријатико“.
Немањето здравствена книшка на Џанлуиџи го спречува да ги добие парите, а меѓу вообичаените документи бездомникот има само индивидуален даночен број, кој не е доволен за да ја добие наградата.
Оваа ситуација треба да заврши среќно. На Касан му вети помош од една добротворна организација, која се грижеше за него минатата зима.
Организацијата ветува дека ќе обезбеди копии од потребните документи кои мажот им ги оставил одамна, пренесува ria.ru.