СЕКС СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ – Познат политичар обвинет за силување: Нов удар за Владата на Риши Сунак

Водечки конзервативен пратеник е уапсен поради обвиненија за силување, открива The Sun. Испрашуван е и познат политичар, чие име од правни причини не е објавено, под сомнение дека поседува недозволени супстанци.

Според британските медиуми, тој во средата, бил сослушан во полиција.

Ова е најновиот удар за Риши Сунак и Конзервативната партија, која е погодена од низа обвинувања, пишува The Sun.

Нивниот поранешен заменик-шеф, Крис Пинчер беше отпуштен минатата недела, откако беше откриено дека несоодветно допрел некого во приватен клуб на Ториевците.