БЕЗ ‘ВАЛКАНИ’ РАЦЕ: Течно тесто за пица кое може да се направи за само 5 минути (Видео)

Тестото има мека и малку течна текстура, а можете да го направите за само пет минути. Не мора ни да ги валкате рацете.

Кога сакате пица , а немате многу време да го подготвите тестото – ова е совршен рецепт.

Тестото има мека и малку течна текстура, а можете да го направите за само пет минути. Не мора ни да ги валкате рацете – најлесниот начин да го измешате тестото е со лажица.

Тестото се става во претходно намрсен и набрашнет калап со пречник од околу 28 сантиметри или се дели на два помали калапчиња.

Тестото се пече заедно со сос од домати , потоа се додаваат состојките по желба и се заедно се враќа во рерна.

Состојки за пица од течно тесто:

  • 250 гр брашно
  • 250 гр вода на собна температура
  • 8 g инстант сув пекарски квасец
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • сос од домати
  • рендано сирење по желба
  • суво оригано и свеж босилек
  • масло

Подготовка:

  1. Истурете вода на собна температура и маслиново масло во голем сад. Додадете сол, шеќер, брашно и инстант квасец и сè убаво измешајте со лажица за да добиете еднолична смеса. Тестото треба да има леплива, мека и малку течна текстура.
  2. Тестото префрлете го во калап за печење кој претходно добро сте го подмачкале и сте го посипале со брашно.
  3. Над тестото додадете сос од домати и сув босилек.
  4. Тестото се пече во загреана рерна околу 15 до 20 минути на 220 Целзиусови степени.
  5. Извадете го тестото од рерна, одозгора додајте рендано сирење и другите посакувани филови и вратете го во рерна уште 10 до 15 минути.
  6. Послужете ја пицата топла. Добар апетит!


Целиот процес на подготовка на пица со течно тесто погледнете го подолу, во видеото на каналот на YouTube Tutti a Tavola .