БЕЗ ПРИЧИНА !? Володимир Зеленски итно го промени командантот на украинските сили за територијална одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес го смени командантот на украинските сили за територијална одбрана, кои играат важна улога во одбраната на земјата од почетокот на руската инвазија врз таа земја.

Во претседателската наредба, која беше објавена денес, за нов командант е назначен генерал-мајор Анатолиј Бархилевич, пренесува медиумската агенција Reuters.

Со посебна наредба беше објавено разрешување на генералот Ихор Танчур, кој беше на таа функција од мај 2022 година, a не беше наведена причината за одлуката.

Од минатата година Анатолиј Бархилевич (54 г.) е началник на Генералштабот на војниците во источна Украина, каде што се водат жестоки борби од почетокот на рускиот напад во февруари 2022 година.

Дел од вооружените сили, силите за територијална одбрана вклучуваат заштита на клучни објекти, борба против саботажа и непријателски разузнавачки информации и одржување на безбедноста во Украина.

Тие, исто така, треба да обезбедат одбрана додека се распоредуваат главните вооружени сили.

Володимир Зеленски минатиот месец исто така назначи и нов министер за одбрана – Рустем Умеров.