Како изгледа ако паднете во Црната дупка? Симулацијата на НАСА конечно го дава одговорот (видео)

Дали некогаш сте се запрашале што се случува, т.е. како изгледа ако паднеш во црна дупка? НАСА штотуку објави нова, неверојатна визуелизација направена со помош на суперкомпјутер, која покажува што се случува по преминувањето на таканаречениот хоризонт на настани, точката од која нема враќање, објави вселенската агенција.

– Луѓето често прашуваат за ова, а симулирањето на овие процеси кои тешко се замислуваат ми помага да ја поврзам математиката на релативноста со реалните последици во реалниот универзум. Затоа симулирав две различни сценарија, едното во кое камерата, замена за астронаутот, за влакно го промаши хоризонтот на настани и се врати, и едно во кое ја премина границата, со што ја запечати својата судбина – рече Џереми Шнитман, астрофизичар во Годард – Центар за вселенски летови во НАСА, кој ја создаде визуелизацијата.

Визуелизациите се достапни во неколку форми. Некои следат објаснувања, други имаат само бизарни ефекти.

За да ја создаде визуелизацијата, Шнитман се здружи со колегата Брајан Пауел и тие го користеа суперкомпјутерот Дискавери во Центарот за климатска симулација на НАСА. Проектот генерирал околу 10 терабајти податоци и тоа го правел пет дена користејќи само 0,3 отсто од 129.000 процесори на Discovery. На типичен лаптоп, ова би траело повеќе од една деценија, додава НАСА.

Дестинацијата е супермасивна црна дупка со маса 4,3 милиони пати поголема од Сонцето, што е слично на „чудовиштето“ во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

– Ако имате избор, подобро е да паднете во супермасивна црна дупка. Црните дупки со маса слична на ѕвездите имаат многу помал хоризонт на настани и посилни плимни сили, кои ќе ги растргнат објектите што им се приближуваат пред да стигнат до хоризонтот – рече Шнитман.

Симулираниот хоризонт на настани се протега на 25 милиони километри, што е околу 17 отсто од растојанието од Земјата до Сонцето.

– Кога камерата ќе го помине хоризонтот, нејзиното уништување со шпагетификација ќе се случи за само 12,8 секунди – изјави Шнитман.