,,Јас и Аркан игравме рулет, немав поим кој е тој!” Мока Славниќ го запознал Ражнатовиќ во казино!

Ова е една од легендарните приказни од 90-тите, која славниот кошаркарски ас неодамна ја раскажа во една своја исповед

Актерите се Мока Славниќ и Аркан, а сцената е познато казино во тогашниот главен град на Србија.

Имено, Зоран Мока Славниќ бил пријател со Жељко Ражнатовиќ Аркан, кого го запознал во казино.

На почетокот изгледаше дека нема да има другарство, но се се смени.

– Ми се допаѓаше да одам во казино, тоа ме опушташе. Со Аркан игравме рулет заедно на маса, немав поим кој е – ја започна приказната Славниќ.

И тогаш имаше проблем, кој набрзо беше решен:

– Кога излезе број осум, реков: „Тоа е мојот број“. Секогаш ги играв истите броеви, сите знаеја дека бројот осум е мој. Сепак, Аркан рече дека тоа е негов! 

Му извикав: „ Не зае*авај, сите знаат дека тоа е мој број , но ако сакаш, ќе ја поделиме добивката“. 

Поделивме 50:50! После луѓето ми објаснуваа кој е тој.