Без струја утре делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода

– Без струја утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од девет до 12 часот, ќе останат дел од корисниците меѓу улицата „Лазар Димитров“ и булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“. Исто така во општина Аеродром, истиот период, без струја ќе бидат и дел од корисниците  на улицата „Горноврановска“.

Во општина Кисела Вода, во периодот од девет до 12:30 часот, струја ќе немаат корисниците од „Ужичка Република“, „Бранко Заревски“, „Иван Хаџиниколов“, „Иван Турењев“, „Чупино Брдо“, „Димитар Гуштанов“, „Живко Фирфов“, „Марија Кири“, објектите на Пожарната, поликлиника „Драчево“ и МВР.

Од девет до 14 часот, во општина Карпош, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Гиго Михајловски“, „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“.