Без цензура! Сопругата на Канје Вест без гаќички на улица – откриени интимните делови

Бјанка Ценсори (29), сопругата на Канје Вест, се појави на улица во Париз без гаќички, целосно откриени интимните делови од телото.

Бјанка Ценсори отишла во ресторан во Париз во скандалозна облека. Носеше хулахопки, но без долна облека , па се беше видливо. 

Имаше само краткa бунда, а сите беа згрозени од нејзината модна изјава. Целосно ги покажа интимните делови, а под бундата не носеше ниту градник.

Бјанка ја стилизираше својата кратка црна коса со гел и носеше многу малку шминка.

Канје Вест одеше зад својата речиси гола сопруга, додека обезбедувањето ги чуваше од сите страни.

Парот го поминал денот во шопинг, по што се упатиле во ресторан во Париз.

Бјанка има скандалозен стил на облекување од почетокот на бракот со Канје Вест. Во јавноста често се појавува без кошула или во проѕирна облека.

Сепак, изгледа дека сега се надминала себеси. Таа до сега никогаш не излегла без долна облека, ниту некој пред неа се осмелил да направи такво нешто.

На социјалните мрежи се појавија скандалозни фотографии, со бројни негативни коментари.