Ако јавните комунални претпријатија ја зголемат цената на водата за пиење, веќе нема да добиваат државна поддршка, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на прес-конференција во Владата потсети дека овие претпријатија веќе користат субвенционирана струја и затоа ги повика јавно да кажат зошто бараат да поскапи водата за пиење.
Бектеши информира дека веќе се доставни барања од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и училиштата.
-Има барање од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и учичиштата. Ги повикувам тоа да го направат преку ЗЕЛС или друго здружение, да достават барање до Владата и согласно анализите, кога ќе има простор, ќе им излеземе во пресрет. Подготвени сме обврските што ги имаат да ги покриеме, но, јавно да излезат и да кажат пред граѓаните зашто бараат поскапување на водата за пиење. Моментно користат субвенцинирана струја. Ако ја поскапат водата, нема да има подддршка од Владата, а ако не ја поскапат, поддршката ќе продолжи, подвлече Бектеши.