Бектеши: Во март минималната плата ќе се зголеми и во јавниот и во приватниот сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека евентуално минималната плата во март ќе се зголеми на 22.500 денари.

Тој за „ТВ21“ додаде дека под раководство на ДУИ за неполни две години минималната плата ќе достигне 30 илјади денари.

„Во март ќе има зголемување на минималната плата и во приватниот и во јавниот сектор, а во период не повеќе од две години, врз основа на сите економски параметри, убеден сум дека под раководство на ДУИ, од 22.500 денари минимална плата, ќе имаме минимална плата не помала од 30.000 денари“, рече Бектеши.