Министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ21 прашан за зголемувањето на минималната плата во пресрет на следните избори рече дека е спротивно. Според него, тоа го одредуваат два фактора, а тоа е просечната годишна плата и инфлацијата.
„Новата методологија која е вградена во законите на РСМ каде минималната плата не е одредена од желбата на претприемачите или гувернерите за гласачки прашања. Минималната плата со новата методологија се определува од два фактора, со зголемувањето на просечната плата за претходната година и од зголемувањето на инфлацијата од претходната година“.
„Просечното зголемување на платата во текот на оваа година беше околу 15 проценти, додека инфлацијата е околу 8-9 и ако се пресметаат овие два параметри, вредноста на минималната плата ќе биде 22.500 денари“, рече Бектеши.