Бектеши: Ќе произведуваме струја и за регионот

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска им честиташе на инвеститорите „Меј Енерџи“, „АТС Груп“ за изградбата на најголемиот соларен парк во регионот во Новаци на РСМ, со моќност од 55 мегавати.

Бектеши рече дека наскоро земјата ќе произведува енергија за потребите на регионот, а не само на нашата земја.

„Ние сме земја и членка на НАТО и самостојно ќе произведуваме не само за потребите на нашата земја, туку и за потребите на целиот регион.

Имаше многу скептици во тоа дека зелената агенда не може да се спроведе кај нас, некој дури се смееше кога се промовираше зелената агенда, денес зборуваме за над 50% од сончевата енергија од она што се предвидува да се реализира до 2040 година , ова се конкретни резултати и би сакал уште еднаш да им честитам на инвеститорите“, нагласи Бектеши.