Се укинува забраната за движење низ шуми

Од „Националните шуми“ информираат дека врз основа на нивното барање од 27 септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дало дозвола за укинување на делумната забрана за движење во шумата, поради оценка дека ризикот од пожари е намален во шумата.

Од денеска стапи на сила укинувањето на делумната забрана за движење во шума.

Како што соопштија од компанијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, медиумите имаат писмено е известен., како и подрачните единици во рамките на јавното претпријатие.

Делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште стапи на сила на 17 јули годинава по барање од „Национални шуми“.