Белата куќа за апсењето на Трамп: Случајот не е во фокусот на претседателот Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден е свесен за обвинувањата против неговиот претходник Доналд Трамп и „очигледно“ ќе ги гледа вестите, но тоа „не е негов фокус“, соопшти вечерва  Белата куќа.

-Видете, претседателот ќе се фокусира на американскиот народ како и секој ден. Ова не е нешто што е во неговиот фокус. Ќе се фокусира на работите како што е осигурување да се продолжи со намалување на цените за американскиот народ, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, одговарајќи на прашање на Си-ен-ен.

„Се разбира, ова се прикажува секој ден на многу мрежи овде со часови и часови, така што претседателот ќе фати дел од вестите кога ќе има момент да ги следи вестите на денот, но ова не е неговиот фокус за денеска “, рече Жан-Пјер.

Бајден попладнево ќе се сретне со неговите советници за наука и технологија за да разговараат за вештачката интелигенција додека во Менхетен ќе се одвива судењето на поранешниот претседател Трамп.

Портпаролката на Белата куќа изјави дека Бајден особено не го следел обвинението и дека шефот на кабинетот на Белата куќа го информирал за развојот на настаните како што биле објавени во медиумите.

Бајден во неколку наврати одби да го коментира случајот, но вчера за Си-ен-ен во Минесота изјави дека верува во полицискиот оддел во Њујорк и одговори потврдно на прашањето дали верува во правниот систем.