БЕЛАТА КУЌА ИМА ‘МАСТЕР-ПЛАН’ – Вашингтон со остра порака до Москва: “Денес ќе и покажеме на Русија дека времето ѝ истекува!“

Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина што земјите од Г-7 ќе го усвојат во среда ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа“, изјави во средата американски претставник.

Таа мултилатерална изјава ќе испрати силен сигнал до Русија дека времето не е на нивна страна“, истакна советничката за европски прашања во Белата куќаАманда Слоат.

Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска која може да се одбрани и да го одврати секој иден напад“, нагласува Аманда Слоат.

Аманда Слоат посочи дека се работи за „долгорочна инвестиција“.

Претседателот на САДЏо Бајден и другите лидери на Г-7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции.

Ќе се бориме за тоа, безбедносни гаранции за Украина на нејзиниот пат кон членство во НАТО“, изјави Володимир Зеленски по пристигнувањето на самитот.

На првиот ден од Самитот, лидерите на НАТО ветија дека „иднината на Украина е во НАТО“ и го скратија процесот што Киев мора да го следи за да се приклучи на западната воена Алијанса.

Но, НАТО во вторникот беше разочарување за Киев, бидејќи покажа дека Украина нема да добие покана или точен распоред за приклучување кон Алијансата, туку безбедносни гаранции.