САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни активности како одговор на нападите на Хутите во Црвеното Море, соопшти денеска Белата куќа.
– Не сме заинтересирани за војна со Јемен. Не сме заинтересирани за конфликт од каков било вид овде, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, а пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека сè што прави американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да спречи каква било ескалација на конфликтот, вклучително и напади во текот на ноќта.
САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.
Хутите поддржани од Иран во последните неколку недели напаѓаа бродови на важни водни патишта и гаѓаа беспилотни летала и проектили врз самиот Израел.
Членот на политбирото на Хутите, Мохамед Али ал Бухаити, денеска изјави дека јеменската милитантна група ќе нападне бродови поврзани со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.